Тимот на mBank

Кариера

Место за луѓе со идеи

Веруваме дека банката е многу повеќе од производи, технологии и бројки. Зад секоја добра одлука стојат луѓе - со различни животни приказни, личности и начини на размислување. Луѓе кои поставуваат прашања, бараат подобри решенија и имаат храброст да направат промена.

Погледнете ги нашите отворени работни позиции и придружете му се на нашиот тим.

Маж на биро во mBank

Помлад експерт за поддршка на население

Главни задачи и одговорности:

  • Информирање и советување на клиентите - физички лица за банкарски производи и услуги
  • Активна продажба на банкарски производи, вклучувајќи сметки, кредити, картички, дигитални услуги и други производи
  • Следење на задоволството на клиентите и обезбедување висок квалитет на услуга.
  • Подготовка и обработка на документација за клиентски барања и апликации
  • Идентификување на потребите на клиентите и предлагање на соодветни решенија за нивните финансиски потреби
  • Активно управување со портфолиото на физички лица и одржување долгорочни односи со клиентите
  • Организирање и изведување на активности на терен, како што се состаноци, презентации и други настани поврзани со клиентите

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија (CV) на careers@mbank.mk, со задолжително наведување на точниот назив на позицијата во предметот на електронската порака.

Колеги на лаптопи во mBank

Специјалист за девизен платен промет

Работни задачи и одговорности

  • Обработува и извршува налози за меѓународен и девизен платен промет.
  • Обработува и извршува налози во денари и девизи на нерезидентни клиенти.
  • Врши контрола на исправноста и комплетноста на документацијата за девизни трансакции.
  • Обезбедува усогласеност на трансакциите со прописите од областа на девизното работење и спречување перење пари.
  • Следи и обработува SWIFT пораки поврзани со девизниот платен промет.
  • Комуницира со кореспондентски банки и други финансиски институции во врска со трансакции и рекламации.
  • Постапува по барања, рекламации и истражувања поврзани со меѓународни плаќања.
  • Учествува во подготовка на извештаи и статистички податоци од областа на девизниот платен промет
  • Следи законски и регулаторни измени и предлага усогласување на процедурите.
  • Соработува со секторите за усогласеност, АМЛ, ризици и бизнис при обработка на специфични трансакции.
  • Учествува во унапредување и автоматизација на процесите во платниот промет.

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија (CV) на careers@mbank.mk, со задолжително наведување на точниот назив на позицијата во предметот на електронската порака.

Колеги на состанок во mBank

Експерт за некредитни (општи) ризици

Работни задачи и одговорности

  • Учествува во воспоставување, имплементација и унапредување на рамката и методологијата за управување со некредитни ризици (оперативен, ликвидносен, валутен, каматен, пазарен, ИКТ и други ризици), согласно регулативата на НБРСМ и интерните акти на Банката.
  • Подготвува, ажурира и предлага политики, процедури и методологии за управување со ризици и ја следи нивната имплементација.
  • Го анализира ризичниот профил на Банката, ја следи изложеноста на ризици, предлага мерки за нивно намалување и изготвува проекции за прифатливо ниво на ризик.
  • Води и ажурира регистар на ризици, дефинира сопственици на ризици и контроли, организира и спроведува RCSA (Risk & Control Self- Assessment) активности и ја оценува изложеноста на ризик.
  • Дефинира, пресметува и следи KRI индикатори, анализира отстапувања и подготвува редовни извештаи.
  • Евидентира, анализира и следи оперативни инциденти, спроведува анализа на коренска причина и предлага корективни и превентивни мерки.
  • Го следи спроведувањето на акционите планови за намалување на ризиците и известува за нивната реализација.
  • Учествува во проценка на ризици при воведување нови производи, услуги, процеси и значајни промени, како и во активности поврзани со континуитет на работењето (BCP/DR).
  • Подготвува сценарија, стрес-тестови, извештаи и информации за Комитетот за ризици, Управниот одбор, ревизија и регулаторни институции.
  • Обезбедува поддршка при внатрешни и надворешни ревизии, инспекциски надзори и спроведува интерни обуки за управување со ризици.
  • Извршува други работни задачи по налог на непосредниот раководител.

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија (CV) на careers@mbank.mk, со задолжително наведување на точниот назив на позицијата во предметот на електронската порака.

Жена во маица со логото на mBank

Платена практикантска работа во М банка

Локација: Практикантската програма за Front Office е достапна во Скопје, Штип, Битола, Струмица и Тетово, додека можностите за Back Office се достапни во Скопје.

Работни задачи:

  • Поддршка во административни и кредитни процеси;
  • Помош при подготовка и обработка на документација;
  • Внесување и ажурирање на податоци во систем;
  • Поддршка во комуникација со клиенти и тековни активности во бизнис центрите;
  • Ќе научиш како функционира банка одвнатре;
  • Архивирање и организација на документација.

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија (CV) на careers@mbank.mk, со задолжително наведување на точниот назив на позицијата во предметот на електронската порака.

Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.

Почитувани, веб-страницата на М банка АД Скопје користи колачиња („cookies“) кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци ѝ помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме колачињата. Една од основните намени на колачињата е да Ви обезбедат погодности кои ќе Ви заштедат време. Можете да ги прифатите или да ги отфрлите колачињата со кликање на едно од копчињата подолу. Повеќе дознајте во нашата Политика за колачиња. Користењето на веб-страницата на М банка АД Скопје не е условено од прифаќањето на колачињата, иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за Вашето лично корисничко искуство.