Двојка разгледува финансиски документи покрај лаптоп

ПотрошувачкиКредит

  • Износ до 2.000.000 МКД или 32.000 ЕУР
  • Рок на отплата до 84 месеци
  • 5,5% фиксна каматна стапка за целиот период (во денари и евра)

Потрошувачкиот кредит на mBank е практично финансиско решение за реализација на вашите лични планови и потреби – реновирање на домот, образование, патување, медицински трошоци или други ненаменски инвестиции. Со брза обработка и флексибилни услови, добивате сигурна поддршка токму кога ви е најпотребна.

Прифатливо обезбедување:

  • До 900.000 МКД / 15.000 ЕУР – без солемнизација на нотар, без жиранти и без кокредитобарател
  • Од 900.001 МКД / 15.001 ЕУР – со солемнизација на нотар и задолжителен кокредитобарател или гарант
  • Над 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР – клиентот треба да биде во А категорија на ризик во банкарскиот сектор и кредитот да ги исполнува минималните критериуми на Банката

Достапна е и можност за предвремена отплата или репрограмирање со надомест од 1% или 0,5%, согласно преостанатиот рок на отплата.

Услови за аплицирање:

  • Резиденти на РСМ во редовен работен однос
  • Минимум 6 месеци непрекинат работен стаж за лица вработени на неопределено време
  • Минимум 12 месеци непрекинат работен стаж за лица вработени на определено време
Аплицирајте веднаш
Семејство седи заедно во дневна соба

СтанбенКредит

Создавањето сопствен дом е една од најважните животни инвестиции. Станбениот кредит на mBank овозможува финансирање за купување, изградба, доградба, реновирање или рефинансирање на недвижен имот, со услови прилагодени за долгорочни планови.

Основни услови:

  • Износ до 250.000 ЕУР
  • Рок на отплата до 300 месеци
  • 3,75% фиксна каматна стапка во првите 10 години

Учество:

  • Минимум 25%
  • Минимум 10% при купување на прво живеалиште
  • Можност за кредит без учество со дополнително обезбедување

Прифатливо обезбедување:

  • Договор за гаранција со извршна клаузула
  • Хипотека на недвижен имот до 75% од проценетата вредност
  • До 90% од проценетата вредност за прво купување или изградба на семејна куќа или стан
Аплицирајте веднаш
Семејство со деца дома

ХипотекаренКредит за купување имот во странство

Доколку планирате да инвестирате во недвижност надвор од државата, овој кредит обезбедува сигурна финансиска поддршка за купување стан или куќа во странство.

Основни услови:

  • Износ до 250.000 ЕУР
  • Рок на отплата до 20 години
  • 3,50% фиксна каматна стапка во првите 10 години

Прифатливо обезбедување:

  • Договор за гаранција со извршна клаузула
  • Хипотека на недвижен имот на територијата на РСМ до 75% од проценетата вредност
  • Имотен лист
  • Полиса со винкулација во корист на Банката
Аплицирајте веднаш
Жена покрај електрично возило на полнење

Еко ДрајвКредит

ЕКО ДРАЈВ е кредит наменет за купување ново или половно хибридно или целосно електрично возило старо до пет години, обезбедувајќи поволни услови за инвестиција во поодржлива мобилност.

Основни услови:

  • Износ од 300.000 МКД / 5.000 ЕУР до 3.000.000 МКД / 50.000 ЕУР
  • Рок на отплата до 84 месеци
  • 4,5% фиксна каматна стапка за целиот период
  • Минимално учество 15%

Обезбедување:

  • Залог на возилото кое е предмет на купопродажба
Аплицирајте веднаш
Двојка купува апарати за домаќинство

Overdraft(Дозволен минус)

Дозволениот минус на трансакциска сметка овозможува дополнителна финансиска флексибилност кога ви се потребни средства пред следниот редовен прилив.

Основни услови:

  • Лимит до висина на две месечни нето плати
  • 12% фиксна годишна каматна стапка
  • Средствата се користат директно преку трансакциската сметка

Трошоци:

  • Годишно одржување: 1.500 МКД
  • 1% надомест за неискористениот дел од одобрениот лимит
Аплицирајте веднаш
Маж плаќа со картичка на терминал

Кредитна картичкаMasterCard

MasterCard кредитната картичка овозможува сигурно плаќање во земјата и странство, како и дополнителна финансиска флексибилност за секојдневни потреби.

Основни услови:

  • Кредитен лимит до 60.000 МКД
  • 12% фиксна годишна каматна стапка
  • Можност за револвинг користење на средствата
  • Плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати и шалтери
Аплицирајте веднаш

Почитувани, веб-страницата на М банка АД Скопје користи колачиња („cookies“) кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци ѝ помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме колачињата. Една од основните намени на колачињата е да Ви обезбедат погодности кои ќе Ви заштедат време. Можете да ги прифатите или да ги отфрлите колачињата со кликање на едно од копчињата подолу. Повеќе дознајте во нашата Политика за колачиња. Користењето на веб-страницата на М банка АД Скопје не е условено од прифаќањето на колачињата, иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за Вашето лично корисничко искуство.